Достапни линкови

Загуби во редовите на украинската војска


Украинската војска соопшти дека претрпела загуби во денешниот напад на проруските сепаратисти. Воен претставник прецизира дека украинска падобранска единица била нападната со тенковски оган во близина на Шактарск, во регионот на Доњецк. Украинската телевизија јави дека во нападот загинале 20 војници. Шактарск е во подрачјето каде што на 17 јули беше соборен малезискиот патнички авион во кој загинаа 298 патници и членови на екипажот. Припадници на полицијата на Холандија и на Австралија вчера за прв пат успеале да дојдат до местото каде што падна авионот.

XS
SM
MD
LG