Достапни линкови

logo-print

Тридневен безусловен прекин на огнот во Газа


Израел и милитантната група Хамас се согласија на безусловен 72-часовен прекин на огнот во Појасот Газа. Американскиот Државен секретар Џон Кери и Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун вчера соопштија дека примирјето почнува денеска во 7 часот. Израелска и палестинска делегација се очекува итно да отпатуваат за Каиро на разговори со египетската влада со цел постигнување траен прекин на огнот. Претставници на Израел и на Хамас потврдија дека двете страни се согласиле на примирје.

Претходно, од почетокот на конфликтот во Газа пред повеќе од три недели, беа објавувани хуманитарни примирја, но тие беа прекршувани од обновени борби.

Официјални претставници во Газа соопштија дека од почетокот на израелската офанзива загинале повеќе од илјада и 400 Палестинци. На израелска страна загинале 56 војници и три цивили.

XS
SM
MD
LG