Достапни линкови

logo-print

Николиќ: Србија не треба да воведе санкции против Русија


Српскиот претседател Томислав Николиќ изјави дека приклучување на Белград кон санкциите против Русија би бил „погубен чекор за Србија“. Тој истакна дека не планира да се меша во тоа прашање, кое е во надлежност на Владата, но смета оти Србија „во никаков случај“ не треба да воведува санкции против кого било, вклучително против Русија.

Воведувањето санкции против Русија ќе има големи политички последици, како лишување од поддршката во Советот за безбедност на ОН и уривање на братските односи меѓу двата народа, за кои се бореле нашите претци, а економските штети, кои никој нема да може да ги обнови, ќе изнесуваат стотици милиони евра годишно, предупреди Николиќ.

XS
SM
MD
LG