Достапни линкови

Сенатот на САД го прифати Џон Тефт како нов амбасадор во Русија


Џон Тефт

Американскиот Сенат го потврди Џон Тефт како нареден амбасадор на САД во Русија. Вчерашното гласање доаѓа откако Тефт сведочеше во Комитетот за надворешни односи на Сенатот во вторникот, каде што беше прифатен уште истиот ден, во невообичаено брз процес. Тој го заменува Мајкл Мек Фол, кој ја напушти канцеларијата во Москва во февруари.

Ветеранот во надворешните служби Џон Тефт е познат како дипломат од старата школа, кој го „печел занаетот“ во советскиот деск на Стејт Департментот за време на студената војна. Тој е критикуван во руските медиуми како човек на Вашингтон за поттикнување на политичките немири во поранешните советски републики, главно поради неговите мандати како американски амбасадор во Грузија и Украина.

XS
SM
MD
LG