Достапни линкови

logo-print

САД загрижени поради апсењето на азербејџанска активистка


Лејла Јунус

Лејла Јунус

САД изразија длабока загриженост откако властите во Азербејџан ја обвинија познатата активистка за човекови права Лејла Јунус за предавство. Јунус, жесток критичар на лошата состојба на правата во Азербејџан, беше уапсена завчера,по што и беше одреден притвор во траење од три месеци. Таа е обвинета за предавство, даночно затајување, фалсификување на документи и измама. Нејзиниот сопруг Ариф Јунус се соочува со слични обвиненија.

Канцеларијата на Главниот обвинител соопшти дека тие двајца се вмешани во давање на класификувани информации на ерменски агенти преку азербејџанскиот новинар Рауф Миркадиров, кој беше уапсен и обвинет за предавство во април.

Претставник на американскиот Стејт Департмент изјави дека обвиненијата претставуваат натамошно ограничување на мирните активности на граѓанското општество во Азербејџан.

XS
SM
MD
LG