Достапни линкови

План на СЗО против Ебола во Западна Африка


Светската здравствена организација објави план во висина од 100 милиони долари за борба против, како што се вели, појава на Ебола во Западна Африка, од која од февруари починаа повеќе од 700 луѓе. Целта на планот е да го запре пренесувањето на вирусот со зајакнување на надзорот на болеста, особено во граничните области.

Генералниот директор на агенцијата на ОН Маргарет Чан денеска во Конакри, Гвинеја, ќе се сретне со претседателите на погодените западноафрикански земји. Сиера Леоне прогласи вонредна состојба и ангажира војници за ставање во карантин на жртвите од Ебола, со што и се придружи на соседната Либерија во спроведувањето на строга контрола.

XS
SM
MD
LG