Достапни линкови

Експлозии на гас на Тајван, десетици загинати и повредени


Серија експлозии на гас се случија во градот Каохсиунг во јужниот дел на Тајван, при што загинале најмалку 24 лица, а околу 270 биле повредени. Премиерот Џианг Ји Хуа изјави дека имало најмалку 5 експлозии, кои се случиле доцна синоќа.

Причината за истекувањето на гасот е непозната, но според извештаите, експлозиите настанале поради прекини во гасоводите. Меѓу загинатите се и петмина пожарникари.

Фотографиите и снимките од местото на настанот покажуваат големи огнови, а може да се забележат значителни штети на зградите и на патиштата. Илјадници работници на итните служби и војници беа ангажирани да помогнат во напорите за спасување и за потрага по преживеани. Според официјални претставници, луѓето од блиските региони се евакуирани во училиштата. Десетици илјади семејства останаа без довод на електрична енергија и гас.

XS
SM
MD
LG