Достапни линкови

ЕУ ги усвои новите санкции против Русија


ЕУ денеска формално ги усвои пошироките економски санкции против Русија како одговор на нејзината вмешност во кризата во Украина. Според соопшетнието, новите мерки за кои беше постигната согласност пред два дена се однесуваат на руските банки, одбраната и енергетскиот сектор.

Со нив се ограничува пристапот на руските банки во сопственост на државата на европските финансиски пазари со што ќе се зголемат трошоците за бизнис секторот и ќе се намали неговиот придонес во економијата. Продажбата на оружје на Русија е забранета, како и технологија за нафтениот сектор.

XS
SM
MD
LG