Достапни линкови

Силно невреме го зафати Скопје


Силно невреме со пороен дожд, грмежи и ветер од околу 50 километри на час попладнево го зафати Скопје. Дождот го отежна сообраќајот низ градот, а дел од сообраќајниците се блокирани, а некои подвозници поплавени.

Дежурниот синоптичар во Управата за хидрометеоролоши работи, Лена Јовановска информира дека времето ќе биде променливо до крајот на денот, а на повеќе места во скопското подрачје нестабилно облачно со интензивни врнежи, грмежи и засилување на ветерот. Стабилно и потполо време се очекува во недела и понеделник.

XS
SM
MD
LG