Достапни линкови

Поплавите во Романија ја однесоа втората жртва


Во денешните поплави во Романија загина уште едно лице, откако надојдените реки се излеаја од своите корита и оштетија околу 2.200 куќи на југот на земјата. Телото на мажот, кој е втора жртва во полавите било пронајдено на неколку километри од неговата куќа.

Метеоролозите за денеска предвидоа обилни врнежи во јужните делови на земјата, кои се и најлошо погодени од поплавите. Евакуирани се 1.200 луѓе, а 99 куќи се целосно оштетени.

XS
SM
MD
LG