Достапни линкови

logo-print

ОН-Да не се одложува ревизијата на гласањето во Авганистан


Двајцата кандидати за претседател на Авганистан, Ашраф Гани и Абдула Абдула.

Двајцата кандидати за претседател на Авганистан, Ашраф Гани и Абдула Абдула.

ОН ги повикаа двајцата кандидати за претседател на Авганистан целосно да се вклучат во ревизијата на изборните гласачки ливчиња, која ќе започен на 2 август. Според нив, ревизијата е важна за да се комплетира процесот на изборите и било кое одложување или несигурност ќе има негативно влијание врз политичката и економската ситуација во Авганистан.

Ревизијата на околу 8 милиони гласачки ливчиња во јуни од вториот круг на претседателските избори беше запрена во минатиот викенд поради технички проблеми. Изборните власти соопштија дека двајцата кандидати Ашраф Гани и Абдула Абдула се сложиле како ревизијата би ги одвоила лажните гласачки ливчиња од регуларните.

XS
SM
MD
LG