Достапни линкови

Грузија-Премиерот вети објективен пристап во процес против Сакашвили


Михаил Сакашвили

Михаил Сакашвили

Грузискиот премиер Иракли Гарибашвили изјави дека процесот против поранешниот претседател Михаил Сакашвили ќе биде објективен и транспарентен. Неговата изјава доаѓа по изразената загриженост од шефот за надворешна политика на ЕУ, Кетрин Ештон за обвинувањата кои беа покренати во минатата недела против Сакашвили за злоупотреба на неговата функција.

На почетокот на неделата американскиот Стејт Департмент исто така изрази загриженост за обвинувањата против Сакашвили, кој изјави дека процесот против него е со цел да се ограничат неговите политички активности и слобода на движење.

XS
SM
MD
LG