Достапни линкови

Аџиев реизбран за претседател на Комисијата за лустрација


Macedonia - Tome Adziev, president of Macedonia lustration committee - N/A

Macedonia - Tome Adziev, president of Macedonia lustration committee - N/A

Собранието денеска, со 82 гласа „за“ и ниту еден против и воздржан го изгласа новиот состав на Комисијата за верификација на фактите. За претседател на Комисијата за лустрација повторно е избран Томе Аџиев, а негов заменик Асан Љума.

Членови се Новица Велјаноски доктор на правно историски науки, Вецко Здравески, магистрант по политички науки од Кичево, Предраг Димитровски, дипломиран новинар од Скопје, Игор Лазаровски, дипломиран шумарски инженер од Скопје, Сашко Јанев, секретар на општина Неготино и магистрант по историја, Даут Даути, новинар од Скопје, Шпенди Винца, дипломиран социолог од Струга, Ристана Лалчевска дипломиран правник, како и Линко Бејзаровски, политоколог од Пласница.

XS
SM
MD
LG