Достапни линкови

Лустрација за кодошите или за критичарите на власта?


Лустрација - пресметка со неистомислениците или неселективно расчистување со кодошите во минатото? Процесот на лустрација веќе 5 години го пратат контроверзии.

Обвинувањата за политичка пресметка со неистомислениците во минативе пет години откога и почна процесот на лустрација постојано ги следат одлуките на Комисијата која треба да помогне во расчистување со минатото.

Се работи за одлуки на Комисија, кои го поминаа и филтерот на судовите, се потврдија и ајде сега да кажеем кој е во право? Сите наши одлуки поминаа низ филтерот на судовите и се потврдија.

На нивната листа годиниве се најдоа активни критичари на власта, не толку познати за јавноста личности, но и еминенти писатели како Божин Павловски или покојниот Славко Јаневски чие лустрирање наиде на жестоки критики.

Томе Аџиев, претседател на Комисијата за верификација на факти, односно Комисија за лустрација.

Томе Аџиев, претседател на Комисијата за верификација на факти, односно Комисија за лустрација.

Претседателот на комисијата Томе Аџиев тврди дека тие работеле неселективно и исклучиво според она што го предвидува законот. Како аргумент дека лустраторите не биле само алатка за пресметка со неистомислениците тој ги наведува одлуките на другите органи.

„Се работи за одлуки на Комисија, кои го поминаа и филтерот на судовите, се потврдија и ајде сега да кажеем кој е во право? Сите наши одлуки поминаа низ филтерот на судовите и се потврдија“, вели Аџиев.

Уште тогаш укажав и сметав дека ќе доведе токму до ова до кое денеска е доведено, а тоа е пресметка со политичките неистомисленици.

Според професор Мирјана Најчевска, пак која е критичар на процесот уште при донесувањето на законот, лустрацијата очекувано прераснала во пресметка со неистомислениците. Таа нагласува и дека донесувањето на законот било задоцнето, а и самата замисла била да биде токму ваков каков што е денес.

„Уште тогаш укажав и сметав дека ќе доведе токму до ова до кое денеска е доведено, а тоа е пресметка со политичките неистомисленици, несоодветно одговарање на основната намена на законот, а тоа е тргање од функциите на оние кои во минатото, во минатиот систем, бенифицирале на било кој начин од тој систем“, вели Најчевска.

Аџиев пак целосно ги отфрла обвинувањата за селективност, а оние кои што имаат такви забелешки вели дека се лица кои биле директно засегнати од процесот на лустрација.

„Тоа нема блага врска. Два -тројца се такви што се прокламираат и што ставаат во пакет сè. Деведесет отсто од тие што се лустрирани се блиски од власта и никој не се заинтересира да проведи другите што се лустрирани кои се тие луѓе, па да видите дека премногу од нив се блиски до власта. А два-тројца се тие што имаат забелешки, а биле тие соработници и што да им правиме ние?“, живо вели Аџиев.

Аналитичарите сметаат и дека ваков каков што е процесот веќе ја има изгубено смислата така што не се очекува ништо од негово продолжување.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG