Достапни линкови

Жолт картон за менаџирањето со јавните финансии


Football -- Yellow card

Football -- Yellow card

САД, Велика Британија и Германија гласале „воздржано“ при одобрувањето на Вториот програмски заем за развoјни политики за конкурентност за Република Македонија од Светската банка во висина од 50 милиони американски долари, во март годинава.

Владата не престанува со задолжувањата, а во исто време предлага уставни измени за ограничување на нивото на долгот на 60 отсто од БДП-то. Во изминатиов период преку еврообврзница владата се задолжи за нови 500 милиони евра на меѓународните пазари.

Едноставно ни порачуваат не ви веруваме повеќе, знаеме што правите и затоа на овој начин ви испраќаме порака да размислите дали може така да продолжите. Всушност тоа евидентно е еден жолт картон.

Во меѓувреме излезе информација дека најголемите западни земји гласале „воздржано“ во Светската банка при одобрувањето на последниот заем за Македонија. Како што објави Балканската новинарска истражувачка мрежа БИРН, САД, Велика Британија и Германија гласале „воздржано“ при одобрувањето на Вториот програмски заем за развoјни политики за конкурентност за Република Македонија од Светската банка во висина од 50 милиони американски долари во март годинава. Како причина за ваквата нивна постапка се наведува „несоодветна буџетска транспарентност и менаџирање со јавните финансии“.

Тоа е како во изреката - „После мене потоп“. По 2017 година кога се предлага да влезат во сила овие уставни измени, новата влада не ќе може да има никаква политика, ќе треба само да се занимава со плаќање и репрограмирање на постоечкиот долг.

Поранешниот гувернер на Народната банка Петар Гошев вели дека тоа е порака до македонската влада.

„Едноставно ни порачуваат не ви веруваме повеќе, знаеме што правите и затоа на овој начин ви испраќаме порака да размислите дали може така да продолжите. Всушност тоа евидентно е еден жолт картон. Ако владата продолжи ќе очекуваме некои други постапки од овие држави или претставници во најважните глобални финансиски институции во светот“, вели Гошев.

Владата, пак, откако за половина година потроши над 80 отсто од планираниот дефицит за целата година, усвои ребаланс на буџетот според кој „дупката“ ќе ја прошири за уште 21 милиони евра, односно ќе го зголеми дефицитот од планираните 3,5 на 3,9 отсто од БДП-то.

Опозицијата и дел од економските аналитичари предупредуваат дека предложените буџетски измени за ограничување на долгот е политичка алатка. Оваа влада ќе го зголеми долгот до максимум за со тоа да им ги „врзе рацете“ на оние што ќе дојдат по нив, вели професор Биљал Касами.

„Тоа е како во изреката - „После мене потоп“. По 2017 година кога се предлага да влезат во сила овие уставни измени, новата влада не ќе може да има никаква политика, ќе треба само да се занимава со плаќање и репрограмирање на постоечкиот долг“, вели Касами.

Гошев, пак, вели дека уставните измени за ограничување на долгот се трик со кој владата сака да ги ублажи критиките за големите задолжувања.

„Со овој чин се обидува повторно да одглуми дека таа е посветена на некаква дисциплина, дека сака да биде дисциплинирана и дека таа еве сака сама да се ограничи себе си преку таква измена во уставот. Всушност трикот е да ги покријат уставно и законски нивните неразумни задолжувања, да си создадат простор за уште поголемо задолжување, на пример да го кренат јавниот долг на Република Македонија најмалку до 60 отсто од БДП-то и потоа да ни кажат, па ние тоа го направивме во рамките на Уставот и законите“, вели тој.

Гошев нагласува дека јавен долг од 60 отсто од БДП е преголем за држава како Македонија.

  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG