Достапни линкови

logo-print

Во Минск преговори Украина - Русија - ОБСЕ


Рускиот амбасадор во Киев, Михаил Зурабов, поранешниот украински претседател Леонид Кучма и претставници на ОБСЕ, се очекува да се состанат денеска во главниот град на Белорусија, Минск, на преговори за обезбедување пристап до местото на падот на малезијскиот патнички авион во источна Украина. Прес службата на украинскиот претседател Петро Порошенко соопшти дека на преговорите ќе стане збор и за ослободување на заложниците кои ги држат про-руските сепаратисти во источна Украина.

XS
SM
MD
LG