Достапни линкови

Грција со бродови врши евакуација од Либија


Грција испратила брод во Либија за да ги евакуира грчките државјани и персоналот од амбасадата поради се пожестоките борби меѓу ривалските либијски милитанти. Аеродромот во Триполи не е безбеден бидејки околу него се водат борби, а исто така не било безбедно ни да се патува со автомобил кон соседен Тунис, соопшти грчкото министерство за надворешни работи.

И други земји, меѓу кои и Кина, побарале од Грција да ги земе на бродот и нивните државјани. Десетици британски и француски државјани веќе беа евакуирани во изминатите денови.

XS
SM
MD
LG