Достапни линкови

logo-print

Израел мобилизира дополнителни резервисти за акциите во Газа


Израелската армија мобилизирала дополнителни 16 илјади резервисти како засилување за операциите во Појасот Газа. Од почетокот на воената офанзива во Газа на 8-ми јули, досега Израел повика вкупно 86 илјади резервисти. Во досегашните борби биле убиени над 1300 палестинци, како и 56-мина израелски војници и тројца израелски цивили.

XS
SM
MD
LG