Достапни линкови

logo-print

Саакашвили ќе ги продолжи активностите и покрај обвиненијата


Поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили изјави дека кривичната пријава поднесена против него во Грузија е поврзана со неговите активности во Украина.

Саакашвили изјави во Будимпешта на 30 јули дека обвиненијата за злоупотреба на службената должност, покренати против него минатата недела се обид да се ограничат неговите политички активности и слобода на движење.

Тој изјави на грузискиот телевизиски канал Рустави 2 дека "некој" е незадоволен од неговата "активност" во Украина.

Саакашвили, неофицијално е советник на владини претставници во Киев и се појавува често во медиумите со предупредување за активностите на Москва кон Украина.

Тој рече дека не планира да побара политички азил.

XS
SM
MD
LG