Достапни линкови

САД ја повикаа Кина да го ослободи ујгурскиот научник


САД го повтори повикот до Кина да го ослободи Ујгурскиот научник Илхам Toхти, кој е обвинет за поттикнување сепаратизам.

Стејт департментот на 30 јули рече дека е загрижен од извештаите дека Тохти, кој беше уапсен пред шест месеци, е подложен на таен судскиот процес.

Адвокатот за човекови права Ли Фангпинг, кој е претставник на Тохти, беше во можност да се сретне со неговиот клиент во јуни, прв пат од неговото апсење во неговиот стан во Пекинг на 16 јануари.

Професорот по економија на Националниот универзитет во Пекинг, Тохти промовира поголеми права за Ујгурите но адвокатот Ли рече дека тој не се залага за независност или поттикнување сепаратизам.

XS
SM
MD
LG