Достапни линкови

Лавров ја поздрави одлуката на Белорусија за преговорите


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска ја поздрави подготвеноста на Белорусија да биде домаќин на преговори помеѓу Украина, Русија и ОБСЕ за кризата во источна Украина. Белорусија претходно потврди дека ја прифатила поканата на украинскиот претседател Петро Порошенко, кој од претседателот Александар Лукашенко, побарал од биде домаќин на преговори за безбеден пристап до местото на падот на малезијскиот патнички авион.

Порошенко исто така побарал да се разговара и за ослободување на заложниците кои, според Киев, ги држат про-руските сепаратисти во источна Украина. Датумот на евентуалните преговори се уште не е познат.

XS
SM
MD
LG