Достапни линкови

logo-print

Груевски-Нимиц има тешка задача, не очекувам пресврт за името


Посредникот во разговорите за спорот за името, Метју Нимиц со премиерот Никола Груевски.

Посредникот во разговорите за спорот за името, Метју Нимиц со премиерот Никола Груевски.

Премиерот Никола Груевски изјави денеска дека не очекува пресврт во преговорите за името помеѓу Македонија и Грција, по посетата на посредникот на Обединетите нации, Метју Нимиц кој оствари средби со властите од двете земји. Според него, нема сериозни сигнали од другата страна кои упатуваат на тоа дека може да има пресврт.

Груевски нагласи дека од информациите кои ги имаат, грчките власти се фокусирани на нивната внатрешна состојба и не се занимаваат со ова прашање. Тој порача дека Нимиц ќе има тешка задача и изрази надеж дека во иднина ќе има повеќе успех.

XS
SM
MD
LG