Достапни линкови

Русија-Санкциите ќе ги влошат односите со САД


Руското министерство за надворешни работи ги нарече новите санкции врз земјата од страна на САД деструктивни и кратковиди. Според соопштението, санкциите само уште повеќе ќе ги влошат односите помеѓу Русија и САД.

Санкциите се однесуваат на финансискиот, одбрамбениот и енергетскиот сектор поради кризата во Украина. Со санкциите се проширија мерките кои САД и ЕУ ги презема против Русија поради нејзината улога во поддршката на сепаратистите кои се борат со владините сили во источна Украина.

XS
SM
MD
LG