Достапни линкови

Во Дебреште без вода за пиење


Проблеми со водоснабдувањето во село Дебреште во Општина Долнени.
Проблеми со водоснабдувањето во село Дебреште во Општина Долнени.

Жителите се жалат дека имаат вода само по неколку часа во денот. Надлежните пак тврдат дека вода има доволно, но дека луѓето нерационално ја користат.

Жителите од долненското село Дебреште се жалат дека од почеток на летово немаат доволно вода за пиење. Велат во мрежата доаѓа вода само неколку часа во деноноќието. Најмногу се жалат домаќинките, велат тешко ја одржуваат хигиената во домот, бидејќи од бунарската вода готват, го мијат овошјето и зеленчукот. Исплашени се за здравјето на сите, но најмногу на децата.

Ние имавме претходно градоначалник, ние за вода не страдавме. Ќе дојдеа од Прилеп, ќе ни запреа водата кај изворот, тој ќе појдеше со раководството, ќе искршеше и катанци и се и ќе ни пуштеше вода.
Адем Реџепоски, жител на Дебреште.

„Два саати има, после три до четири нема, како може така? За готвење само од бунар користиме“.

„Само од бунар користиме, чешмата, не селската, ако ја пуштиме, нема, запрела и нема“.

„Ја нема водава, навечер, особено кога треба, ја нема“.

Граѓаните велат дека и за време на претходната локална власт имале проблем со водоснабдувањето, но велат многу брзо и лесно го решавале.

Да видиме, што може да биде, каде ја носат водата и колку вода влегува во нашиот резервоар, бидејќи ние од старата вода сега користиме, а ни ја наплаќаат како да ја користиме од „Студенчица“.
Ридван Шерифоски, претседател на месната заедница.

„Ние имавме претходно градоначалник, ние за вода не страдавме. Ќе дојдеа од Прилеп, ќе ни запреа кај изворот, тој ќе појдеше со раководството, ќе искршеше и катанци и се и ќе ни пуштеше вода“, вели Адем Реџепоски, жител на Дебреште.

Претседателот на месната заедница Ридван Шерифоски бара конечно решавање на проблемот.

„Тој проблем кај нас го прават градоначалникот или директорот, затоа сакаме да информираме, да видиме, што може да биде, каде ја носат водата и колку вода влегува во нашиот резервоар, бидејќи ние од старата вода сега користиме, а ни ја наплаќаат како да ја користиме од „Студенчица“, вели Шерифоски.

Од долненското јавно комунално претпријатие тврдат дека вода има доволно во Општината. Велат причина за проблемот е што жителите на неколку долненски села водата ја користат за полевање на бавчите, за миење на дворовите, и тоа што сами ги кршат шахтите, за да ги полеваат нивите.

Порано овие жители, вели директорот Пецо Вајгалески, биле привилегирани и да не ја плаќаат потрошената вода. Натаму, тврди, нема да се дозволи никаква селективност, сите жители на Општината ќе плаќаат вода, толку колку што ќе потрошат.

„За дел којшто најмногу ја користат водата, и коишто имаат диви приклучоци, значи за нив нема пардон во тужбата. Од 2009 до 2013-та година, поради партиски или некои други причини дел од граѓаните биле тужени, на дел му било велено, не плаќајте, гласајте за нас. Привилегирани биле граѓаните во населените места: Дебреште, Житоше, Лажани“, вели директорот на долненското комунално претпријатие, Пецо Вајгалески.

  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG