Достапни линкови

Руска банка тврди дека има пристап до капитал и покрај санкциите


Руската втора најголема банка ВТБ соопшти дека може да подигне капитал ако има потреба и покрај последните санкции врз земјата поради кризата во Украина. Според банката, санкциите се политички мотивирани и не се фер.

Вашингтон спроведе санкции на неколку руски банки, меѓу кои и ВТБ. ЕУ предупреди дека ќе им го ограничи пристапот до странски капитал. Во меѓувреме руската централна банка соопшти дека ќе ги поддржи сите финансиски институции кои се погодени од санкциите.

XS
SM
MD
LG