Достапни линкови

logo-print

И покрај добрите намери на други земји, решението е сепак во рацете на двете засегнати страни, иако е јасно дека позицијата на македонската влада покажува дека сме далеку од одредено компромисно решение, вели универзитетскиот професор Нано Ружин.

И покрај фразите дека постои политичка волја од двете страни очигледно е дека и македонската и грчката страна немаат намера да се согласат на компромис, ги анализираат домашните експерти сценаријата по посетата на медијаторот Метју Нимиц кој во Скопје не донесе нов предлог. И покрај добрите намери на други земји, решението е сепак во рацете на двете засегнати страни, иако е јасно дека позицијата на македонската влада покажува дека сме далеку од одредено компромисно решение, вели универзитетскиот професор Нано Ружин.

За оваа власт е многу побитно да се одржи до бесконечност на власта, отколку да најде одредена солуција која би не внела во НАТО и ЕУ.

„Ако анализираме каква е позицијата на премиерот Груевски и на луѓето околу него, можеме само да констатираме дека сме далеку од одредена формула, бидејќи за оваа власт е многу побитно да се одржи до бесконечност на власта, отколку да најде одредена солуција која би не внела во НАТО и ЕУ.“

Иако очекувањата од посетата на Нимиц ги поткренаа изјавите на германската канцеларка Анѓела Меркел за лично вклучување во спорот за што побрзо решение на проблемот, повеќе од јасно е дека двете страни остануваат на своите тврди позиции. Кога и двете страни го покажуваат виновникот кај другиот, се создава клима која не ветува напредок во преговорите, вели професор Алајдин Демири.

Позициите на Грција, особено по изјавите на Самарас дека нема македонски јазик, како и позицијата на Македонија за земање на цврст став дека не се преговара, туку вината се бара во Грција, не ветуваат дека проблемот може да се реши.

„Позициите на Грција, особено по изјавите на Самарас дека нема македонски јазик, како и позицијата на Македонија за земање на цврст став дека не се преговара, туку вината се бара во Грција, не ветуваат дека проблемот може да се реши.“

Во таков случај, кога двете страни немаат намера да го решат спорот и кога постои недостаток на енергија, се наметнува потребата од конкретен ангажман на трета сила, посочува Ружин. Што подолго се одложува проблемот, толку повеќе се продлабочува, вели тој.

Ова пак од друга страна ја наметнува дилемата дали насилно донесеното решение од третата страна е добар компромис и дали е сепак подобро до решението да дојдат двете страни?

„Видливо е дека насилно наметнатото решение, на пример да беши исто како што беше случајот со Охридскиот рамковен договор, ќе беше тешко реализирачка работа, но во услови за криза тоа помина, така што доколку се бара одредена солуција, има толку одредени подсценарија што и самите преговарачи, односно олеснувачи не се во состојба сето тоа да го спакуваат во една рамка“, изјави Ружин.

„Мислам дека нема лошо решение тука, решението е да се излезе од овој ќорсокак каде се заглавени и двете страни“, вели Демири.

Она на што сега укажуваат експертите е потребата од барање решение и постоење на колективен внатрешен консензус за ова прашање и да се направи добра проценка за тоа дали разумниот компромис е опасен и дали треба да се продолжи со играта на „тврди позиции“ во очекување дека вратите на НАТО и Европската Унија ќе се отворат во некакви други околности.

  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG