Достапни линкови

logo-print

И зад сцена, политичкиот дијалог закочен


Средба на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и претседателот на СДСМ Зоран Заев, на 24 јуни.

Средба на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и претседателот на СДСМ Зоран Заев, на 24 јуни.

Белгискиот посредник Петер Ванхаут кој се уште е во земјава, досега имал неколку обиди за приближување на ставовите на двете страни, но тие биле неуспешни.

Нешто повеќе од еден месец, односно по средбата меѓу Груевски и Заев на 24 јуни официјално меѓупартискиот дијалог е закочен. Но, зад сцената има разговори меѓу двете страни кои според високи извори од СДСМ засега немаат никаков напредок. Белгискиот посредник Петер Ванхаут кој се уште е во земјава, досега имал неколку обиди за приближување на ставовите на двете страни, но како што велат истите извори, тие биле неуспешни. Опозицијата останувала на своите барања, за што од ВМРО-ДПМНЕ немало желба да се разговара.

Опозициски извори појаснуваат дека отстапките што ги барале од владејачката партија не морале да се именуваат како техничка влада, туку дека за нив било битно да постоеле гаранции оти ќе имало споделена одговорност меѓу власта и опозицијата на наредните избори.

Опозициски извори појаснуваат дека отстапките што ги барале од владејачката партија не морале да се именуваат како техничка влада, туку дека за нив било битно да постоеле гаранции оти ќе имало споделена одговорност меѓу власта и опозицијата на наредните избори и да се гарантирало слободно изјаснување на граѓаните, нешто што не било осигурано со досегашните измени на законите. Тие ги негираат гласините дека веќе е извесно оти од септември ќе се врателе во собранието кои се засилија откако пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски рече дека есенва очекувал да се комплетира парламенатрниот состав.

И од ВМРО-ДПМНЕ потврдуваат дека разговорите течат, но не откриваат дали има некаков напредок. И тие велат дека остануваат на ставот дека за нив е крајно неприфатливо формирањето на техничка влада оти како што објаснуваат прифаќањето би било лошо и за во иднина кога која било идна опозиција би можела да бара техничка влада. На забелешките од СДСМ дека досегашните законски измени не гарантирале фер и демократски избори и дека затоа тие бараат гаранции, од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат како тогаш претседателот на опозициската партија Зоран Заев победил на локалните избори во Струмица.

И од ВМРО-ДПМНЕ потврдуваат дека разговорите течат, но не откриваат дали има некаков напредок. И тие велат дека остануваат на ставот дека за нив е крајно неприфатливо формирањето на техничка влада.

Аналитичарот Владимир Божиновски очекува СДСМ да се откаже од барањето за техничка влада.

„Очекувам дека опозицијата ќе се врати, затоа што не гледам друг начин како опозицијата би можело да функционира и да се претстави пред граѓаните или да ги брани интересите на своите гласачи, доколку не е во законодавниот дом“, вели Божиновски.

Аналитичарот Арсим Синани пак има сосема спротивни очекувања за тоа што ќе се случува есенва.

„Очекувам техничка влада во септември и нови избори до крајот на годината или идната година“, вели Синани.

Инаку без разлика каков ќе биде исходот од разговорите, од владејачката партија брифираат дека есенва кога повторно ќе се стават оставките на дневен ред во Собранието, очекуваат и други од пратеничката листа на опозицијата да ги прифатат мандатите и да станат дел од овој парламентарен состав. Засега и покрај одлуката на раководството за бојкот додека не бидат прифатени нивните барања на таков чекор се одлучија пратеничките Роза Топузова Каревска, Љубица Буралиева и Солза Грчева.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG