Достапни линкови

Русија го забрани увозот на овошје и зеленчук од Полска


Русија, од први август, воведува рестрикции за увоз на овошје и зеленчук од Полска, со образложение дека, во повеќе наврати, на овие производи имало неправилни декларации и идентификации. Русија од вчера го забрани увозот на конзервиран зеленчук, овошје и риба од Украина, а пред еден месец го забрани и увозот на овошје од Молдавија. До ваквите мерки доаѓа во време на растечки тензии меѓу Русија и Западот во врска со кризата во Украина.

XS
SM
MD
LG