Достапни линкови

logo-print

Белорусија ќе биде домаќин на преговори за источна Украина?


Белорусија најави дека ќе биде домаќин на преговори меѓу Украина, Русија и ОБСЕ за кризата во источна Украина. Од канцеларијата на претседателот на Белорусија Александар Лукашенко е соопштено дека украинскиот претседател Петро Порошенко, во телефонски разговор со Лукашенко, побарал од него да биде домаќин на преговори за безбеден пристап до местото на падот на малезијскиот патнички авион. Порошенко исто така побарал да се разговара и за ослободување на заложниците кои, според Киев, ги држат про-руските сепаратисти во источна Украина. Датумот на евентуалните преговори засега не е познат, а на нив би требало да учествуваат рускиот амбасадор во Киев Михаил Зубаров и поранешниот украински претседател Леонид Кучма.

XS
SM
MD
LG