Достапни линкови

20 загинати во борбите во Доњецк и Луганск


19 луѓе загинале, а над 30 биле ранети во последните 24 часа во украинскиот регион Доњецк, каде што украинската армија е во офанзива против про-руските сепаратисти. Во другиот источен регион, Луганск, каде што про-руските сепаратисти исто така се обидуваат да ја задржат контролата, едно лице загинало, а десетина биле ранети. Регионалните власти во Луганск соопштија дека поради воените операции, локалните жители останале без струја, вода и гас.

XS
SM
MD
LG