Достапни линкови

Климкин ги поздрави новите санкции против Русија


Украинскиот министер за надворешни работи Павло Климкин ги поздрави новите санкции на САД и на ЕУ против Русија поради подршката на про-руските сепаратисти во источна Украина. Климкин, кој се состана со американскиот потпретседател Џо Бајден и со државниот секретар Џон Кери за време на дво-дневната посета на САД, изјави дека Русија треба да го искористи своето влијание врз бунтовниците и да ги повлече клучните нивни лидери, кои, според него, се руски државјани. Климкин исто така, во интервју за Ројтерс изјави дека украинските сили нема да бомбардираат цивилни области во источна Украина, кои се под контрола на бунтовниците.

XS
SM
MD
LG