Достапни линкови

Најмалку 24 лица мртви во стампедо на концерт во Гвинеја


Најмалку 24 лица загинале во стампедо на концерт во западноафриканската држава Гвинеја. Трагедијата се случила на концерт на плажа по повод одбележувањето на крајот на Рамазан во главниот град Конакри. Десетици други биле повредени. Повеќето од убиените биле млади луѓе. Во Гвинеја е прогласена недела на жалост поради трагичниот настан, а почна и истрага која треба да утврги како настанало стампедото. Во Гвинеја, која е претежно муслиманска земја, исто така, се борат со појава на смртоносниот вирус ебола, од кој загинаа стотици луѓе во три западни африкански земји.

XS
SM
MD
LG