Достапни линкови

Тефт: САД никогаш нема да ја прифатат анексијата на Крим


Кандидатот за следен американски амбасадор во Русија Џон Тефт изјави дека Соединетите Држави никогаш нема да ја прифатат анексијата на Кремљ на Крим и оти не може да се игнорираат дејствата на Русија во Украинската криза. Пред Комитетот за надворешни односи на американскиот Сенат Тефт рече дека анексијата ја загрозила европската безбедност. "САД не можат да го игнорираат основните предизвици за меѓународниот поредок кои беа поставени од страна на дејствата на Русија во Украина криза", изјави тој на сослушувањето. САД немаат амбасадор во Русија уште од февруари. Последните неколку месеци Украинската криза ги сведе американско-руските односи на најниско ниво од крајот на Студената војна. Американскиот претседател Барак Обама го номинираше Тефт за оваа функција претходно овој месец, за да го замени Мајкл Мек Фаул, кој ја напушти функцијата во Москва во февруари, веднаш по Зимските олимписки игри во Сочи.

XS
SM
MD
LG