Достапни линкови

Исламистите ја превзедоа базата на либиската Армија


Либиски воени претставници соопштија дека исламистички групи ја превзеле армиската база на специјалните сили во Бенгази по неколкудневните тешки борби. Во либискиот главен град Триполи борбите продолжуваат на аеродромот, кадешто складиштето за гориво гори веќе трет ден. Повеќе од 100 луѓе се убиени во борбите на аеродромот во изминатите две недели. Хаотичната ситуација доведе до тоа Франција, Португалија, Холандија, Канада и Бугарија да апелираат нивните амбасади да се затворат, а нивните граѓани да ја напуштат земјата. Во меѓувреме, морнарицата соопшти дека најмалку 20 имигранти загинале, а десетици се водат за исчезнати откако нивниот брод потона околу 100 километри од либискиот брег. Околу 150 луѓе беа пријавени дека се наоѓаат во импровизирани брод.

XS
SM
MD
LG