Достапни линкови

Десетици мртви во напад во кинескиот регион Ксинџијанг


Државната кинеска агенција Ксинхуа соопшти дека западниот автономен регион Ксинџијанг Ујгур бил цел на терористички напад, во кој загинале и биле повредени десетици лица. Ксинхуа објави дека нападот се случил во пред два дена,кога банда ја нападнала полициската станица и владините канцеларии во Кашгар областа. Државните медиуми соопштија дека локалната полиција тврди дека "десетици цивили беа убиени или повредени, но и дека полициските службеници на местото на настанот убиле десетици членови на бандата." Се уште не е јасно зошто извештаите за инцидентот излегоа еден ден доцна. Официјален Пекинг ги обвини Ујгурските сепаратисти за неколку инциденти кои се случиле годинава во Кина. Ујгурите се турски муслимани кои долго живеат во Ксинџијанг.

XS
SM
MD
LG