Достапни линкови

logo-print

САД-Нуклеарните преговори со Иран до 24 ноември


Преговарачот на САД, Венди Шерман

Преговарачот на САД, Венди Шерман

Преговарачот на САД, Венди Шерман одби денеска да даде конечен датум кога разговорите помеѓу Иран и светските сили треба да завршат. Според неа, намерата на САД е преговорите да бидат завршени до 24 ноември. Говорејќи пред Комитетот за надворешни односи на Сенатот таа изјави дека е тешко да се предвиди што ќе се случи на крајот на било кој даден период на време. Воедно, Шерман порача дека ќе се консултира со американскиот Конгрес за одлуката кога ќе биде донесена.

XS
SM
MD
LG