Достапни линкови

Воздухопловни организации на средба за безбедноста на воздушниот простор


Претставници од светското цивилно воздухопловство денеска ќе се сретнат да разговараат за безбедноста на воздушниот простор во конфликтните зони по падот на малезискиот патнички авион во источна Украина. Агенцијата на ОН за надгледување на цивилното воздухопловство и Меѓународната цивилна возухопловна агенција се домаќини на средбата во Монтреал.

Се очекува на разговорите да биде побарано меѓународните сили да можат да интервенираат кога некоја земја не може да се се справи со заканите на нејзиниот воздушен простор. Меѓународната цивилна возухопловна агенција сега има ограничена улога и не може да им нареди на авиокомпаниите каде да летаат или да им каже на нејзините членки да го отворат или затворат нивниот воздушен простор.

XS
SM
MD
LG