Достапни линкови

СОНК најавува протести в петок


Самостојниот синдикат за образование, наука и култура денеска најави дека в петок ќе организира протест пред Министерството за образование и наука. Според СОНК, причините за протестот е поради загриженоста за многу состојби во секторот, при што надлежните институции не преземаат ништо за нивно надминување.

Од СОНК бараат повисоки плати и склучување колективен договор, а не се согласуваат со моделот на екстерното тестирање. Доколку до крајот на август не бидат исполнети нивните барањата од СОНК најавуваат дека не е исклучено организирање генерален штрајк на почетокот на учебната година.

XS
SM
MD
LG