Достапни линкови

Погодена единствената централа во Газа


Израелски тенк стрелал врз единствената електроцентрала во Појасот Газа. Притоа бил погоден резервоарот со гориво по што централата биле затворена. Во синоќешните израелски воздушни напади биле погодени 60 цели во Газа при што загинале над 20 палестинци. Во меѓувреме, израелски официјални претставници соопштија дека милитанти од Газа преку тунел влегле во Израел при што убиле пет израелски војници. Во престрелката бил убиен еден палестинец. Од почетокот на израелската операција на 8 јули досега, загинале 53 израелски војници, и најмалку 1073 палестинци, главно цивили.

XS
SM
MD
LG