Достапни линкови

Донација на САД за МВР и за Царинската управа


министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и амбасадорот на САД во Македонија Пол Волерс

министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и амбасадорот на САД во Македонија Пол Волерс

Донација на опрема од Американската амбасада во Македонија денеска ќе добие Пограничната полиција на Министерството за внатрешни работи и Царинската управа. Опремата, вредна 142 илјади долари, е обезбедена преку Програмата за контрола на извозот и гранична безбедност. Таа содржи далекусежни двогледи, апарати за инспекција, пејџери за откривање на радијација, компјутери и опрема за симултан превод. На предавањето на донацијата ќе присуствуваат министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и амбасадорот на САД во Македонија Пол Волерс.

XS
SM
MD
LG