Достапни линкови

Генералниот секретар на Светската туристичка организација во Македонија


Генералниот секретар на Светската туристичка организација Талеб Рифаи

Генералниот секретар на Светската туристичка организација Талеб Рифаи

Генералниот секретар на Светската туристичка организација Талеб Рифаи престојува во официјална посета на Македонија. Тој посетата, по покана од министерот за надворешни работи Никола Попоски ја почна на 27 овој месец, а денеска ќе сретне со премиерот Никола Груевски да му предаде писмо од кампањата на Светската туристичка организација „Глобални лидери во туризмот“, со кое се повикуваат шефовите на држави и влади да ги промовираат вредностите на туризмот. Рифаи попладне на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје ќе одржи предавање за современите трендови во развојот на светскиот туризам. Рифаи вчера го посети Охрид.

XS
SM
MD
LG