Достапни линкови

ЕУ со нови мерки против Русија


ЕУ треба да одобри построги санкции против Русија на денешниот состанокот во Брисел.До состанокот доаѓа еден ден откако лидерите на САД, Британија, Франција, Германија и Италија се согласија за време на нивниот заеднички телефонски разговор да спроведат нови санкции врз Русија поради нејзината улога во кризата во Украина.

Медиумите објавија дека ЕУ планира да додадете уште пет лица, и најмалку два руски банки на црната листата на компании и поединци кои биле вклучени во сепаратистичкото движење во Украина.Медиумите не ги именуваа лицата кои ќе бидат додадени во црната листа, но се наведува дека станува збор за руски олигарси кои ги поддржале про-руските сепаратисти. Во извештајот се вели дека мерките се дел од планот за зголемување на притисокот врз рускиот претседател Владимир Путин, во врска со обвинувањата од САД и ЕУ за обезбедување обука, персонал, и оружје за сепаратистите.

XS
SM
MD
LG