Достапни линкови

logo-print

Нимиц на средби со државниот врв


Посредникот на ОН во разговорите за спорот за името, амбасадорот Метју Нимиц, денеска во Скопје, во рамки на новата рунда разговори со властите во Македонија и Грција, ќе има средби со македонскиот државен врв.

Тој вчера по пристигнувањето во Македонија изјави дека не носи нов предлог, но оти има идеи.

Нимиц во Скопје прв пат ќе се сретне со новиот претставник на Македонија во спорот за името и амбасадор во САД, Васко Наумовски. Се очекува тој да се сретне и со шефот на државата Иванов, со премиерот Никола Груевски и со министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Посредникот Нимиц минатата недела изјави дека овој пат очекува голем напредок на средбите со државниот врв во Скопје и во Атина.

Според соопштението на ОН, Нимиц ќе престојува во Македонија, два дена по што ќе замине на средби во Атина на 30 и 31 јули.

- Целта на средбите е да се интезивираат разговорите под покровителсто на ОН насочени кон изнаоѓање на взаемно прифатливо решение за спорот за името, пишува во соопштението на ОН.

XS
SM
MD
LG