Достапни линкови

logo-print

Вилјамсон денеска во Брисел за истрагата за трговијата со органи


Главниот обвинител на ЕУЛЕКС за истрагата во врска со наводите за трговија со органи на Косово и во Албанија во 1999 година Џон Клинт Вилјамсон денеска во Брисел ќе го поднесе извештајот за наводите од тригодишната истрага. Истрагата за трговијата со органи одземени од Срби и Албанци е подигната врз основа на Резолуцијатата на Советот на Европа, а врз основа на извештајот на Дик Марти. Во извештајот на Марти, што во 2011 го прифати Парламентарното Собрание на СЕ, како виновници за убивањето и вадењето органи на заробените и киднапирани Срби,но и некои Албанци, се наведуваат припадниците на Дреничката група на ОВК, на чие чело како што беше кажано бил сегашниот премиер на Косово Хашим Тачи.

XS
SM
MD
LG