Достапни линкови

Обама разговарал со европските лидери за Украина


Американскиот претседател Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама и европските лидери денеска телефонски разговараа за наредните чекори за справување со кризата во Украина.

Белата куќа соопшти дека Обама родржал заеднички разговор со германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Франсоа Оланд, британскиот премиер Дејвид Камерон и италијанскиот премиер Матео Рензи. Повикот доаѓа додека САД и ЕУ размислуваат за построги санкции против Русија по кризата со соборувањето на малезискиот патнички авион во источна Украина.

XS
SM
MD
LG