Достапни линкови

Нетанјаху упати критика до ОН за примирјето во Газа


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху упати критика до Советот за безбедност на ОН, кој повика на итен прекин на огнот и хуманитарно примирје во Газа. Според него, повикот е во корист на потребите на милитантите на Хамас додека ја запоставува безбедноста на Израел.

Советот за безбедност на ОН на итна седница ја одобри декларацијата со која се бара прекин на огнот меѓу Израел и палестинската група Хамас. Во декларацијата која е одобрена од сите 15 земји членки на Советот за безбедност непосредно пред состанокот, се повикуваат двете страни да обезбедат примирје за време на муслиманскиот празник Бајрам и по него.

XS
SM
MD
LG