Достапни линкови

logo-print

Се интензивираат борбите во источна Украина


Борбите помеѓу украинските владини сили и сепаратистите се интензивираат во реонот каде беше соборен малезискиот патнички авион на 17 јули. Украинските власти соопштија дека ја презеле контролата во градот Дебалцево во регионот на Доњецк. Владините сили наводно успеале да се пробијат и во градовите Шахтарск и Торез. Поради борбите во тој дел од источна Украина, вчера холандските и австралијските полицајци не можеа да отидат на местото на несреќата.

XS
SM
MD
LG