Достапни линкови

Ваши коментари за бојкотот на опозицијата


Илустрација: Собраниска комисија за европски прашања.
Илустрација: Собраниска комисија за европски прашања.

Бојкотот на опозицијата и младинската он-лајн колумна се најкоментираните теми на нашата интернет страница изминатата недела.

Нашата анализа под наслов „И отсутната, опозицијата виновна за застојот со ЕУ“, повторно ги покажува различните мислења во врска со отсуството на опозицијата во Собранието. Пиле порачува дека некој одамна ги фрлил во дебела пајажина извештаите и на Стејт департментот и на ЕУ со забелешките во врска со напредокот на земјава минатата година. Па потсетува дека и во двата е констатирано назадување на Македонија во сите области од животот во кои треба да постигнеме определени резултати. Јас смета дека опозицијата е виновна зашто „цело време не е тука“, како што напишал, и дека со бојкот не ќе направела ништо.

И да умрат сите од опозицијата, пак ќе бидат криви.
Коментар од читател.

Зоки од Скопје прашува дали сме се правеле недоветни со насловот и дека од авион се гледало дека основната цел на опозицијата била да ја изгубиме препораката на Европската комисија и дека СДСМ, затоа што немал пари, по секоја цена сакал да се врати на власт. Незабеган, во својот препознатлив стил, лаконски и со иронија, коментира: „Да, бе, лицето БЦ е криво!“ Васе, исто така од Скопје, во истиот стил: „И да умрат сите од опозицијата, пак ќе бидат криви“.

Не ми се јасни самите охриѓани, како намерно да сакаат да ги избркаат туристите, а од нив леб вадат.

Во младинската он-лајн колумна, првиот човек на социјалдемократската младина, Стефан Богоев, потсетува дека уште пред изборите неговата организација побарала бесплатен јавен превоз за студентите, и тоа секој ден, и дека владата тоа експресно го одбила, а дека потоа објавила дека студентите можат да се возат бесплатно, ама само еден ден во неделата. Па прашува, со познатото обраќање од поранешните времиња „До кога, бе, другари?“ Другари, да нема забуни, е во наводници. Димитар од Скопје забележува дека колумната ја отсликува реалноста, и дека власта го дефокусира вниманието на јавноста од реалните проблеми, а Марга, и таа од Скопје, го оценува напишаново како искрено, но и пишување во кое се забележува револт и пожртвуваност работите да се сменат на подобро. „Власта ќе дефокусира, но младите треба да бидат гласните говорници на вистината“, порачува Марга.

И, во екот на летните одмори, некој потпишан со Мене, по нашата информација за однесувањето на концесионерите на плажите во Охрид, напишал: „Не ми се јасни самите охриѓани, како намерно да сакаат да ги избркаат туристите, а од нив леб вадат“. Порака, пак, довикува: „Го уништивте Охрид, бре, идиоти!“

Кога сме кај одморите, камо пораки и коментари во нашиот Хајд Парк? Имате ли пари за одмор? И каде преферирате да одите, ако имате финансиски средства за тоа? Погледнете ја анкетата и коментирајте овде.

Хајд Парк - Одмори, сиромаштија, патриотизам
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:32 0:00

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG