Достапни линкови

Во конфликтот во Украина досега 1129 жртви


Нави Пилај

Нави Пилај

Најмалку 1129 луѓе биле убиени, а 3442-ца повредени, од средината на април досега во конфликтот во Украина, соопштија денеска посматрачите на Обединетите Нации.

Во месечниот извештај се наведува дека про-руските сепаратисти вршат терор врз населението, киднапираат и убиваат цивили, а од друга страна, украинската армија не прави доволно за одвојување на цивилните од воените цели во конфликтот.

Високиот комесар за човекови права Нави Пилај, изјави дека интензивирањето на борбите во Доњецк и Луганск, е екстремно алармантно, а соборувањето на малезијскиот патнички авион, можеби ќе биде оквалификувано како воено злосторство. Таа ги повика сите страни во конфликтот да запрат со "владеењето на оружјето" и да биде обновено владеењето на правото.

XS
SM
MD
LG