Достапни линкови

Лавров се надева на објективна истрага за соборениот патнички авион


Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, изјави денеска во Москва дека се надева оти истрагата за соборениот малезијски патнички авион во источна Украина, ќе биде објективна и и ќе ја респектира презумпцијата на невиност. Лавров исто така изрази надеж дека посматрачи на ОБСЕ ќе бидат распоредени на границата на Украина со Русија. Во врска со санкциите на САД и на ЕУ против Русија, Лавров оцени дека нема да ја постигнат целта и само ќе ја направат Русија економски по независна.

XS
SM
MD
LG